Над 120 загинати во инцидент на автопат во Пакистан

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Повеќе од 120 луѓе загинале и десетици други се повредени на автопат во Пакистан, откако цистерна со нафта се превртела при што бил предизвикан огромен пожар, соопштија официјални лица за спасување. Танкерот се превртел на автопатот на околу сто километри југозападно од градот Мултан, откако возачот загубил контрола над возилото.

Полицијата се обидела да ја затвори оласта, но голем број селани сакале да соберат од горивото истечено од камионот кога тој експлодирал, јави новинската агенција Асошиејтед прес цитирајќи го шефот на спасувачките служби на провинцијата Пинџаб, Ризван Насер.

Најмалку 122 луѓе загинале и 76 други биле повредени, според Насер, додавајќи оти многу од телата биле изгорени до степен на непрепознавање.

Share.