Над 90 загинати во поплави во Шри Ланка

0
460

Бројот на жртвите во поплавите и свлечиштата во Шри Ланка е зголемен на 100, додека 99 лица се водат како исчезнати, додека спасувачите и граѓаните продолжуваат со спасувачките операции.

Повеќе од 2.900 лица мораа да ги напуштат своите домови во областите погодени од поплавите, соопштија официјални лица од Шри Ланка.

Војската со големи оклопни возила ги превезува луѓето до безбедни области.

Жителите изјавија дека во некои села има заробени луѓе а чамците не можат да им се приближат.

Свлечиштата се вообичаени во сезоната на монсуните во овој тропски остров во Индискиот Океан.

Повеќе од стотина лица настрадаа во големото свлечиште во централниот дел на Шри Ланка во мај 2016 година.