Најдено е изгорено тело кај паднатиот авион

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Aвионот што попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром е пронајден на два километри над селото Кожле, Катлановско. Полицијата засега не пушта никого да се приближи до местото на урнатиот авион, каде што од далечина се гледа пожар.

Во близина на местото на падот на авионот е најдено едно изгорено тело, според неофицијални полициски извори.

Во 17.40 часот денеска попладне авион „пајпер“ 4 минути пред слетувањето бил изгубен од радарот на контролата на летање на скопскиот аеродром. Авионот со германски регистрации полетал од италијанскиот град Тревизо, а во Скопје бил пријавен за дополна на резервоарот со гориво.

Авионот двомоторец „пејпер“ имал место за шест патници. Не се знае колку патници имало во авионот при полетувањето од Тревизо.

Падот во велешката полиција го пријавиле мештаните од селото Кожле. Во моментов спасувачки екипи се на терен.

www.mkd.mk

Share.