Најмалку 10 повредени на островот Лезбос

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 10 лица се повредени во земјотресот од 6,3 степен, кој го погоди Егејскиот брег на Турција и грчките острови Лезбос и Хиос, јави грчката државна телевизија ERT.

Повредени има во селото Вриса на островот Лезбос, каде што многу стари куќи се урнале.

„Десетици домови се срушија, а селските патишта се блокирани“, рече регионалниот началник на противпожарната служба Мариос Апостолидес.

Епицентарот бил во Егејското Море на 11 километри јужно од Пломари на јужниот брег на Лезбос, каде што имаше и неколку потреси.

Градоначалникот на Пломари, Манолис Арменакас изјави за ERT дека неколку згради се оштетени и во моментов се проценуваат штетите.

Земјотресот е почувствуван силно и во реонот Карабурун во турската провинција Измир, како и во грчката престолнина Атина.

standard.mk

Share.