Најмалку 196 полицајци повредени во протестите за Г-20

0
718

Најмалку 196 полицајци се повредени во протестите на улиците на Хамбург, Германија, каде што се одржува Самитот на Г-20.

Демонстрациите кои што започнаа во четвртокот, пред Самитот, продолжија и вчера кога илјадници полицајци се обидуваа да ги спречат главно анти-капиталистичките протестанти да го прекинат Самитот. На улиците на Хамбург беа запаленти големи огнови, а протестантите оштетија и повеќе згради.

Додека некои протестираа мирно, други превртуваа возила и гаѓаа со разни предмети кон полицијата, која што употреби водени топови за да ја растера толпата која се приближи до местото на одржување на Самитот.

Полицијата соопшти дека еден од полицајците морал да испука предупредувачки истрел за да ја растера групата која тепала еден човек.

Од почетоткот на протстите уапесени се најмалку 83 лица, а притворени се уште 19 кои формално не се уапсени.

Во хамбург веќе се распоредени 15.000 полицајци, но ескалацијата на насилството го натера грдаот да побара дополнително засилување.

Еден од протестантите изјавил за Еј-би-си дека е лут поради реакцијата од властите, бидејќи „полицијата почнала прва да напаѓа“. Неговото објаснување за излегувањето на улица е дека „американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и други, како што рекол, „фашистички лидери’ дошле во неговиот град“.

„Сакам да си заминат, не ги сакам во мојот град. Овие 20 најмоќни земји во светот не прават ништо за светот да биде подобро место“, изјавил протестантот.

Друг, пак, вели дека демострира за еколошки прашања и потребата да се запре со уништувањето на планетата и изворите.