Најмалку 78 загинати во експлозија на бензинска пумпа во Гана

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 78 луѓе загинаа во експлозија на бензинска пумпа во среда навечер во главниот град на Гана, Акра, објавија локалните пожарникари.

Експлозијата ја предизвикал пожар кој избил во блискиот терминал за камиони, а потоа се проширил врз бензинската станица и околните згради. Голем број загинати се наоѓале на бензинската станица каде што се засолниле од пороен дожд.

Според првичните индиции, пожарот започнал по несреќен случај и не станува збор за терористички напад, рече портпаролот на пожарникарите.

Ширум градот повеќечасовните обилни дождови поплавија во среда повеќе згради, а возилата останаа заробени на сообраќајниците. /крај/хн/ст

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax

Share.