Најмалку 90 загинати и над 380 ранети во нападот во Кабул

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Авганистански припадник на обезбедувањето на Германската амбасада во Кабул загина и неколкумина вработени во дипломатското претставништво се повредени во денешниот самоубиствен напад.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека останатите вработени во Амбасадата се безбедни.

Министерството за надворешни работи на Германија активирало кризен тим за справување со последиците од нападот во кој загинаа најмалку 90 луѓе и над 380 се повредени.

Габриел додаде дека нападот нема да ја разниша германската посветеност за „поддршка на авганистанските власти за стабилизирање на државата“.

Share.