Најмалку пет убиени во пукање во училиште во Калифорнија

0
305

Најмалку пет лица, меѓу кои и напаѓачoт, се уиени а десет лица меѓу кои три се деца се ранети со огнено оружје во  пукање во едно основно училиште во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, објавија локалните власти прецизирајќи дека напаѓачот е убиен.

Пукањето започнало во една куќа и продолжила до основното училиште во Ранчо Техама, сѐ додека полицијата не го застрелала напаѓачот. Стрелецот неселективно пукал врз своите жртви. Тој бил вооружен со полуавтоматска пушка и два пиштола.

Според полицијата, инцидентот најверојатно започнал како семејно насилство. Според очевидци, пак, напаѓачот пукал врз жртвите од својот автомобил.