Напад во црква во Ница, тројца убиени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Напаѓач со нож уби три лица во црква во францускиот град Ница, соопштија властите.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, рече дека станува збор за терористички чин.

„Тој продолжи да извикува Алах Акбар дури и додека беше под медицинска терапија откако беше повреден од полицијата која пукаше во него при апсењето“ рече Естроси.

Антитерористичките единици започнаа истрага за убиствата кои се случија по обезглавувањето на учител во основно училиште претходно месецов.

Напаѓач кој по потекло е од Чеченија рече дека сакал да го казни наставникот зашто на час за граѓанско општество на учениците им покажал карикатури од пророкот Мухамед.

 

Share.