Наредните три дена сончево и многу топло

0
671

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 9.

Максималната дневна температура во Скопје ќе достигне до 35 Целзиусови степени, Маврово 27, Охрид 32, Битола 34, Кавадарци 37, Крива Паланка 30, Берово 30, Дојран 38…

И утре и задутре времето ќе биде сончево и многу топло со можни попладневни локални поројни врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 31 до 38 степени.

Во вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи и дневни температури од 31 до 37 степени.