Нашата битка за Македонија допрва почнува, допрва сме ѝ потребни на државата и на нашиот народ

0
745

„Почитувани членови и подржувачи, ВМРО-ДПМНЕ мора да се подобрува и реструктуира. ВМРО-ДПМНЕ треба да ги дефинира целите на своето идно делување, да ги подобри односите со дел од меѓународната заедница во насока на заедничките цели и интереси, но и да формира автентична политика кон помалите етнички заедници, вклучувајќи ги и Aлбанците кон кои мора да ги презентираме нашите верувања за заедничко живеење во државата, и да ги разбиеме стереотипите кои негативната кампања против нас во албанските медиум, која беше свесно диригирана„ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на одбележувањето на 27-миот роденден на партијата.

Инаку, сега на оние кои и мислат лошо на Македонија му е потребен поделен ВМРО-ДПМНЕ, разнишан и тие тоа го стимулираат, ние сме свесни за тоа. Зрелоста на членството е она во кое јас отсекогаш сум верувал и знам дека ќе оддолееме на овие притисоци и нови игри.  Нашата битка за Македонија не престанува овде. Напротив. Таа допрва почнува. Допрва сме и потребни на државата и на нашиот народ, затоа што допрва ќе следат многу погубни чекори од страна на СДС, на кои мора реструктуирано и со нова енергија да се спротиставиме сите, рече Груевски.

Тука не е важен Никола Груевски, нагласи лидерот на партијата, ниту било кој поединец од раководството.

Јас сум спремен на се, на најподмолни напади, на лажни судења и обвинувања, секојдневни лажни вести за мене, буквално на се. Јас не се плашам од тоа. Но и ВМРО не смее да се плаши од предизвиците кои доаѓаат туку да им погледне во очи и да ја одигра својата историска улога. Следните чекори ќе ги правиме заедно. Јавно и транспарентно, јас само барам од вас да верувате во исправноста на нашето делување и одлуки, кои не се случајни. Ги следам внимателно повиците за виетнамски сценарија, улични борби или формирање на македонски терористички групи, или некакви други опции или блокови со различни стратешки интереси и слично. Тоа се афектни пораки, кои не ја гледаат целата слика, и се заради емотивен набој од неправдата која ни се случува на сите, посебно на државата. Но тоа не е решение. Тоа само може целосно да ја растури Македонија. Јас такво нешто нема да дозволам. И ако цената за тоа е мојата судбина, тогаш нема никаков проблем, еве ја, рече Груевски.

Груевски рече дека остануваат заедно, како еден, сплотени, единствени.

Ние сме ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство. Не заборавајте на нашите предци, ниту пак на подобрата иднина на нашите поколенија, за која сите ние посветено се бориме! Ќе дојде брзо денот кога ВМРО ќе се врати и ке покаже зрелост и одговорност, повторно да ја води Македонија кон нови успеси и подвизи! Ќе дојде брзо времето кога народот со гордост ке каже – Единствената опција за вас и вашите семејства, за развој и подобар живот е ВМРО! Нека е среќен и вековит роденденот на нашата заедничка партија! на партијата во чии темели секој од вас се вградил и ја живее нејзината судбина како своја! Ова е последниот бедем на Македонија! Не заборавајте го тоа!, рече Груевски.