Научна трибина во Хајдар кади џамијата во Битола

0
879

Припадниците на муслиманската вероисповед се воздржуваат од храна и пијалоци. Ова воздржување почнува во утринските часови на молитва в зори, пред изгрејсонце, а завршува со залез на сонцето. Рамазанските пости и во Битола со повеќе настани се одбележуваат. Деновиве голем Ифтар беше организиран во градот под Пелитсер, а беше и одбележан 21-от ден од месецот Рамазан.

За одбележување на овој важен датум во Хајдар кади џамијата во Битола се одржа научно предавање на македонски и албански јазик со професори од Факултетот за исламски науки, а потоа и обиколка на џамиите во Битола, со верниците и гостите од Исламската верска заедница од Скопје.

Според документ на Ријасетот на Исламската заедница на БиХ најдолгите денови на постот оваа година се 24, 25 и 26 ден на Рамазан, т.е. 19, 20 и 21 јуни кога постот трае 18 часа и 14 минути. На глобално ниво, најкратко ќе постат муслиманите во Јужна Америка, каде постот ќе трае околу 10 часа. Најдолг е постот на Гренланд, а трае околу 21 час.

Муслиманите во Европа ќе постат од 14 до 20 часа, во Африка од 11 до 14 часа, а во Австралија околу 11 часа.