Навигациски водич за невербална комуникација – книгата Говорот на телото

0
668

Во Битола се одржа промоција на книгата која ја нарекуваат – комплетен навигациски водич за невербална комуникација, Говор на телото, од авторот проф. д-р Зендел Абедин Шехи.  Историјата на невербалната комуникација, нејзината природа, еволуција на говорот на телото, универзалните фацијални експресии, читање и анализирање на луѓето околу нас, разбирање на туѓите гестови, знаци и други фактори ( сигнали и значење ), се само дел од ова дело.
Воедно во книгата се зборува за убавината и убавиот збор, емпатијата, за експресија и светот на емоции и за ред други убави нешта.

Проф.д-р.Абедин Шехи  е човек со големо искуство во менаџмент, меѓународно право и дипломатија, но и експерт за говор на тело и комуникација.
Човекот со визија и сон вели:
– Имам еден сон кога еден ден сите граѓани ќе сфатат дека унитарноста и респектот на заедничките вредности ќе ги инвестираат во доверба и љубов каде што луѓето без предрасуди и омраза, без причина ќе научат со заеднички сили да ги победат сите препреки што ги ограничуваат да бидат дел од светот што припаѓаат.