Небото поцрвене

0
387

Сонцето над делови од Британија доби црвена, а небото невообичаена портокалова боја.

Истото се случи и во Лондон.  Ова е резултат на наноси на воздух и прав од Јужна Европа, предизвикани од ураганот Офелија, кој во меѓувреме деградираше во силна бура.

Како што објаснува водителот на временската прогноза на Би-би-си, Симон Кинг, бурата донела тропски воздух и прав од Сахара.

Тој смета дека за овој феномен одговорни се и шумските пожари во Португалија и во Шпанија.

„Офелија настанала на Азорските Острови, каде што имала сила на ураган, и додека го следела патот кон север, го повлекла и тропскиот воздух од Сахара“- вели Кинг.