Нема да се гради бегалски камп во Демир Капија!

0
1224

Откако по социјалните мрежи се прошири информацијата дека Меѓународната организација за мигранти (ИОМ)  ќе гради бегалски камп во Демир Капија, деманти стигнаа и од ИОМ и од Министерството за труд и социјала под чија надлежност е Центарот за згрижување лица со посебни потреби.

Од ИОМ неофицијално велат дека се работи за реновирање на објектот за потребите на Министерството и воопшто не станува збор за бегалски камп.

Објаснување стигна и од довчерашниот министер за труд и социјала, Ибраим Ибраими.

„Тоа се чисти дезинформации. Нема да се градат нови објекти. Се работи само за реконструкција на постојните кои ќе бидат наменети за лица со посебни потреби.

Инаку, во Македонија во моментов има два центри за бегалци, во Гевгелија и кај Табановце и во нив има по 20-тина лице. А за евентуална изградба на каков било камп одлучува владата, а не која било меѓународна организација.

ИОМ на 25 април го објави јавниот повик за реконструкција на депандансот на специјалната установа во Демир Капија.