Некаде околу 18 часот Крушево беше зафатено со интензивна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, а според радарските слики, можна е и појава на град. Развој со послаб интензитет има и северно-северозападно од Прилеп.
Во вечерните и ноќните часови ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Во текот на ноќта и утре, особено претпладне, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи,. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Дневната температура ќе опадне за околу 6 степени.