Нормализиран сообраќајот кон Грција

0
229

Тековно се одвива сообраќајот на граничните премини Богородица, Стар Дојран и Меџитлија, известуваат од АМСМ.

Нормализиран е сообраќајот кон Република Грција по еднодневниот штрајк на грчките цариници. Тековно се одвива сообраќајот на граничните премини Богородица, Стар Дојран и Меџитлија, известуваат од АМСМ.

Според АМСМ, нема задржување за влез и излез од државава, но оваа информација се однесува само за македонската страна на граничните премини.