Нов одрон на обиколницата над Битола

0
2032

Сеуште затворена е за сообраќај обиколницата над Битола која е дел од регионалниот пат Прилеп-Битола-Ресен. Поради врнежите од дожд се појавија нови свлечишта кој што се санираат. Нашата камера регистрира денес и нови одрони. За оваа обиколница надлежните неколку години бараат трајно решение. Кога официјално ќе биде пуштена за сообраќај се уште не се знае.

Поставена сообраќајна сигнализација дека обиколницата Прилеп-Битола-Ресен е затворена за сообраќај.Обиколницата е во должина од неколку километри и последните години надлежните бараат трајно решение. Но и покрај поставената сообраќајна сигнализација дека обиколницата е затворена за сообраќај, некои од возачите ја користат. Така беше и денеска. Веднаш до таблата со патоказ имаше нов одрон, кој што не беше саниран. Оние кои поминуваа вешто го одбегнуваа.

Секоја година при поголеми количини на дожд на овај регионален пат се појавуваат свлечишта. Деновиве имаше ново свлечиште меѓутоа беше санирано. Надлежните градат неколку привремени блокади, односно габиони за запирање на свлечиштата, но истите не можат да го спречат одронувањето на големи камења.На критичните места се поставуваат големи челични мрежести коцки , полни со камења, се редат скалесто и на нивоа .

Она што ги загрижува битолчани е фактот што заради затворениот пат на што секое утро предупредува Автомотосојузот на Македонија за состојбата на патишата, е тоа што целиот транзит се случува низ Битола. Сите оние кои одат кон југозападот на Македонија одат преку ценарот на Битола и лесни и тешки товарни возила. Освен што прави тоа гужва во сообраќајот низ градот, причина е и за дополнително загадување на воздухот.

Опозицијата на последната седница на Совет побара да се преземат краткорочни мерки за намалување на загадувањето на воздухот со предлог да се пушти во сообраќај обиколницата над градот, од власта рекоа дека се чека решение за обиколницата.

Причината за забрана за одвивање на сообраќајот на овај регионален пат е појавата на свлечишта. Но тука се и блокадите со отпад од страна на жителите од ромската населба Баир. Денес немаше блокада, но отпад имаше. При последната посета на Битола министерот без ресор Самка Ибраимовски тогаш рече дека ќе се чисти од депонијата патниот правец А3 Прилеп- Битола-Ресен.

Но денес вообичаена слика, на која што веќе долго време реагираат граѓаните. Голема депонија од најразлични отпадоци и секаков вид на ѓубре.