Новачани бараат базен

0
2353

Изградба на базен , одржување на улици и тротоари , набавка на машина за метење на улиците, отварање на фитнес центар за млади, разеленување на општината, изградба на паркови и засадување на дрва , обновување на улици кои што се уништени при различни поправка , тоа беа дел од барањата на жителите од општина новаци на третата по ред форумска сесија .

Преку Програмата „Форуми во заедницата –Буџетски форум“ жителите на општина ­Новаци одлучуваа кои се нивните приоритети за развој на општината и кои проекти може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница.

На денешната форумска сесија градоначалникот за наредната година најави почетокот на два капитални проекти .Системот за наводнување Стрежево кој преку Река Црна ќе поминува и ќе се наводнуваат околу 3000 хектари , и парноводот кој ќе води низ општината.

Програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум “ претходно се спроведуваше во соработка со ФЦУ, ЗЕЛС и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), но годинава општина Новаци ќе го организира самостојно заради како што велат корисноста на проектот.