Новите случаи во Битола на возраст од 17 до 66 години

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 44 нови случаи на COVID-19:
-19 во Битола (лица на возраст од 17 до 66 години; 11 лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице);
-18 во Кичево (лица на возраст од 17 до 62 години; 6 лица даваат податок за контакт со позитивно лице);
-6 во Ресен (лица на возраст од 33 до 68 години; 2 лица даваат податок за контакт со позитивно лице, а 3 се од веќе познат кластер);
-1 во Дeмир Хисар (лице на возраст од 46 години; не дава податок за контакт со позитивно лице)
Денес се регистрирани 7 оздравени лица (3 од Битола и 4 од Кичево), соопшти Центарот за јавно здравје од Битола.
Разликата во едно лице во Битола каде според извештајот на министерството за здравство е дека денеска во Битола се регистрирани 18, а според Центарот за јавно здравје од Битола 19 случаи, е заради тоа што едно лице по лична карта е од Ресен, но долго време живее во Битола. Од центарот за јавно здравје велат дека заради тоа во нивниот извештај има еден повеќе во Битола односно се 19 случаи. За ова бил известен и Институтот за јавно здравје.
Share.