Ново рочиште за случајот „Насилство во Центар“

0
347

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Насилство во Центар“ во кој обвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Според најавите, треба да почне главната расправа.

Претходното рочиште се одложи поради отсуството на двајца од 13-те обвинети. Покрај Груевски, обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашната советничка, а сега пратеник Даниела Рангелова.

Апелација ја прифати жалбата на СЈО и одлучи дека во доказната постапка може да се користат снимките од прислушуваните разговори.

Настанот пред Општина Центар се случи во јуни 2013-та година, кога група граѓани протестираа поради најавите за уривање на новоизградената црква.