Новото оружје е тестирано, Ким нареди масовно производство

0
528

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун го надгледуваше тестирањето на новиот систем на оружје за противавионски напад и нареди масовно производство. Оружјето потоа да се постави низ целата земја, соопшти државната новинска агенција на Северна Кореја – КЦНА.

КЦНА, сепак не информираше за вистинската природа на оружјето во време на тестот. Тест го спроведе Академијата за наука за национална одбрана, за која се верува дека развива ракети и нуклеарно оружје, објави Ројтерс.

САД демантираа дека имаат намера да ја нападнат Северна Кореја.

„Ким Јонг-ун го набљудуваше тестот на новиот систем на наведувано оружје за противавионски напад, кој беше организиран од страна на Академијата за наука за национална одбрана. Овој систем на оружје, чија работна подготвеност е темелно тестирана, треба да влезе во сериско производство и да се постави низ целата земја за да се срушат дивите соништа на непријателот дека командува со небото “, соопшти денес КЦНА.