NoWasteMK, годинешниот проект на Модниот викенд Скопје

Модниот Викенд Скопје во соработка со Македонската Модна Асоцијација креира нова иднина за модата и свежи перспективи под темата „NoWasteMK“.

Експеримент со биоразградливи хулахопки, обоени со еко боја од кора од грозје, колекција накит создадена од е-отпад и избор на брендови кои ја отелотворуваат разновидноста на македонското одговорно творештво.

Под слоганот „Beyond the Fields”, од 2 до 3 октомври, Модниот викенд им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK.  Преку шоурум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори на тркалезна маса, NoWasteMK ќе истражува и дискутира на теми за одржливост, ќе сподели знаење и ќе ги поттикне потребните промени кон поодржливо опшество и индустрија.

Тоа е всушност визијата и целта на Моден викенд Скопје и Македонската модна асоцијација.  Да ја претстави работата на дизајнерите кои ги менуваат правилата на игра во модниот бизнис Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Хана Зека – Fight or Flight brand, Four Twenty Two, KTN, Son of Salome, Мирјана Јосифоска, Роберт Ивановски, Luna Aditeya, Leap Concept и работата на студентите од Академијата за моден дизајн  „Џолев и уметностите“.

#NoWasteMК е фузија од физички и виртуелни активности.

Новите колекции од учениците на дваесет и четвртата сезона, ексклузивно ќе бидат претставени на 2 и 3 октомври преку пренос во живо на социјалните медиуми на Fashion Weekend Skopje, со премиерно прикажување на кратки модни филмови и фотографии. Шоурум со ексклузивни парчиња на истите, како и изложба на накит  ACHTUNG BAUSTELLE!  изработен со електронски отпад од уметницата Маја Стојковска, се само дел од богатата програма што посетителите ќе ја проследат од 2 до 3 октомври во зградата на Железничката станица во Битола, во клубот Јагода.

Повеќе во следното видео.

 

 

Неда Маретиќ

Сподели