Oблачно со врнежи од слаб дожд

0
175

Преку ноќта и утринава е претежно облачно и без врнежи. Дува слаб до умерен претежно јужен ветер, а ветерот е поизразен на повисоко во Ѓуриште во Светиниколско.

 

Претежно облачно со врнежи од слаб дожд кои ќе започнат претпладне во западните делови, а на највисоките планините ќе се од повремен слаб снег. Од пладневните часови врнежите ќе се прошират кон исток, а поинтензивни ќе останат особено на запад и југозапад. Врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата во интервал од 7 до 12 степени.

Минимални температури: -3 Берово, -1 Маврово, 0 Скопје Петровец, Куманово, Лазарополе, 1 Тетово, 2 Пожаране, Крушево, Скопје, Штип, Кр. Паланка, 3 Ѓуриште, Претор, 4 Струмица, Дебар, Виница, Прилеп, Д. Капија, 5 Охрид, Тополчани, 6 Битола, 8 Дојран, Гевгелија.

Врнежи од дожд во земјата ќе има и во вторник заедно со услови за појава на ретки грмежи на југоистокот, а во среда и во ноќта кон четврток кога ќе е постудено само понекаде на западот ќе има локален дожд. Во вторник и во среда ќе дува повремено засилен јужен и југозападен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава, што ќе овозможи забрзано топење на снегот. Од четврток особено попладне ќе започне период на суво време.