Објавен идентитетот на напаѓачот на муслиманите во Лондон

0
450

Дарен Озборн од Кардиф е осомничен за терористички напад на муслиманите кои излегувале по молитвата од џамијата во Финсбери парк во Лондон.

Откако напаѓачот удрил со комбе неколку луѓе пред џамијата, граѓаните го задржале и го предале на полицијата.

Едно лице загина, а десет се повредени во нападот кој е квалификуван како терористички акт.