Објавен повикот за клими, аплицирањето почнува в петок

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Општина Битола на својата интернет страница го објави јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

1. Опис на јавниот повик

1.1. Целта на јавниот повик е домаќинствата во Општина Битола да ги заменат печките на
тврди и фосилни горива кои што ги користат за затоплување на станбениот простор во кој
што живеат, преку субвенција за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима
уреди.
1.2. За високоефикасни инвертер клима уреди во смисла на овој јавен повик се сметаат
инвертер клима уреди со работна температура за греење од минимум -15 целзиусови степени,
со енергетска класа на ладење минумум А и енергетска класа на греење минимум А и со
коефициент на ефикасност SEER миниум 6.0 и SCOP минимум 3.5.
1.3. Максималниот износ на субвенцијата што може да го искористи еден барател – носител на
домаќинство изнесува 55.800,00 денари во нето износ (62.000,00 денари во бруто износ со
данок на личен доход) и истиот може да се искористи за надоместување на трошоците за
набавка и монтажа на еден или повеќе високоефикасни клима уреди. Доколку трошоците за
набавка и монтажа се повисоки од максималниот износ на субвенцијата, разликата над тој
износ останува на трошок на барателот. Данокот на личен доход на субвенционираниот износ
ќе биде платен од страна на Општина Битола при исплатата на субвенцијата. Вкупните
средства кои што се планирани за овој јавен повик, вклучително со данокот на личен доход,
изнесуваат 155.000.000,00 денари.
1.4. Распределбата на средствата за субвенционирање по овој јавен повик ќе се врши врз
основа на уредна и комплетна документација, според редоследот на поднесување на
пријавите, при што првенство при распределувањето на средствата ќе имаат барателите –
носителите на домаќинства кои живеат во една од следните утврдени зони: Централно
градско подрачје 1, 2, 3, 4 и 5, Даме Груев, Јени Маале 2, Боримечка, Североисточна зона,
Ушици, Баир, Девеани, Станбена заедница 3, 4, 5, 6, 7 и 8 – област Маџар Маало, Горно
Оризари и Стрелиште. Информативната мапа со областите на утврдените зони е објавена на
интернет страницата на Општина Битола: www.bitola.gov.mk. Неуредните и некомплетни
документации ќе бидат отфрлени и нема да бидат земени предвид при одлучувањето и
распределувањето на средствата за субвенционирање.
1.5. Секој добитник на субвенција, пред исплатата на средствата за субвенција, задолжително
ќе треба да достави до Општина Битола изјава заверена на нотар дадена под материјална и
кривична одговорност дека се обврзува да ја предаде без надомест на Општина Битола
печката на тврди или фосилни горива која што ја користел за затоплување на станбениот
простор во кој живее неговото домаќинство и дека во наредните три години по денот на
монтажата на клима уредот нема да го демонтира истиот и нема да користи дрва, јаглен,
фосилни или какви било други видови на нееколошки горива за затполување на станбениот
простор во кој ќе биде монтиран клима уредот, како и дека е согласен во тој период од три
години да се вршат контроли од страна на Општина Битола во станбениот простор во кој ќе
биде монтиран уредот, а во спротивно дека е согласен да го врати во Буџетот на Општина
Битола износот на искористената субвенција. Добитниците на субвенција кои нема да
достават таква изјава ќе го изгубат правото на субвенционирање и Општина Битола нема да
има обврска за исплата на средствата.
1.6. Секој добитник на субвенција ќе има обврска да ја предаде без надомест на Општина
Битола печката на тврди или фосилни горива која што ја користел за затоплување на
станбениот простор во кој живее неговото домаќинство. Местата и времето за предавање на
старите печки ќе бидат дополнително определени, а за тоа граѓаните ќе бидат известени на
интернет страницата на Општина Битола: www.bitola.gov.mk.

2. Услови за пријавување на јавниот повик

2.1. Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица – жители на Општина Битола,
кои се носители на нивните домаќинства, кои за затоплување на станбениот простор во кој
што живеат користат печки на тврди или фосилни горива и кои имаат набавено или имаат
започнато постапка за набавка на високоефикасен инвертер клима во периодот од денот на
објавувањето на јавниот повик до крајниот рок за пријавување и кои ќе поднесат барање за
субвенционирање, под услов тие и членовите на нивните домаќинства во претходните пет
години да немаат искористено средства од Буџетот на Општина Битола за купување на
инвертер клима уреди или системи и печки на пелети.
2.2. За носител на домаќинството во смисла на овој јавен повик се смета сопственикот на
станбениот простор во кој живее домаќинството, за што како доказ треба да се достави
имотен лист за станбениот простор кој гласи на име на барателот на субвенција.
2.3. Доколку барателот на субвенција има правен основ за сопственост на станбениот простор
кој не е запишан во катастарот на недвижности, тогаш покрај имотниот лист за станбениот
простор треба да се достави и правниот основ за промената на сопственоста (оставинско
решение, судска пресуда, договор за купопродажба, подарок, доживотна издршка или друг
правен основ).
2.4. Доколку за станбениот простор нема имотен лист ниту правен основ за сопственост
(објект со незапишани права или бесправно изграден објект), тогаш сопственоста се докажува
со решение за данок на имот или друг соодветен доказ на име на барателот (потврда за
поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект или друг
соодветен доказ).
2.5. Доколку посебно домаќинство живее во посебен функционален дел од еден ист станбен
објект или во друг објект кој е во сопственост на друго лице, носителот на посебното
домаќинство може да аплицира самостојно и независно од сопственикот на станбениот
простор, при што покрај имотниот лист за станбениот простор треба да достави и последна
сметка за струја или вода на име на барателот или изјава заверена на нотар со која ќе потврди
дека е носител на посебно домаќинство и дека живее одделно во станбениот простор во кој се
монтира клима уредот.
2.6. Набавениот клима уред треба да биде монтиран на адресата на живеење наведена во
личната карта или патната исправа на барателот. Доколку барателот има живеалиште на
адреса различна од адресата на живеење наведена во неговата лична карта или патна исправа,
треба да достави изјава заверена на нотар со која ќе потврди дека живее на адресата каде што
се монтира клима уредот и дека ќе ја пријави таа адреса на живеење во Министерството за
внатрешни работи, согласно Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на
граѓаните.

3. Начин на остварување на правото на субвенционирање

3.1. Начинот на остварување на правото на субвенционирање е со рефундирање на
направените трошоци за набавка и монтажа на високоефикасен инвертер клима уред на
трансакциската сметка на добитникот на субвенцијата или со плаќање кон трговското
друштво односно трговецот поединец од каде што се набавува и монтира клима уредот.
3.2. Доколку клима уредот е набавен и платен од страна на барателот на субвенцијата, тогаш
како доказ треба да достави фискална сметка или фактура со извод од банка за извршеното
плаќање, заедно со копија од трансакциската сметка на барателот. Во таков случај, средствата
за субвенција ќе бидат исплатени на трансакциската сметка на барателот.
3.3. Доколку барателот има започнато постапка за набавка и монтажа на клима уред, но
истиот го нема платено, тогаш како доказ за тоа треба да достави профактура издадена од
трговското друштво односно трговецот поединец од каде што се набавува и монтира клима
уредот. Профактурата задолжително треба да содржи податоци за барателот на субвенцијата
(име и презиме, адреса и др.) и за клима уредот што се набавува и монтира (марка, тип и др.).
Притоа, профактурата не смее да биде со повисок износ од 55.800,00 денари со пресметан
ДДВ, во спротивно барањето за субвенционирање ќе биде одбиено.
3.4. Барателите на субвенција кои ќе аплицираат со профактура, за исплата на субвенцијата ќе
треба да достават фактура од трговското друштво односно трговецот поединец од каде што се
набавува и монтира клима уредот, издадена врз основа на профактурата со која што
аплицирале, во рок кој што ќе биде определен од страна на Општина Битола. По
доставувањето на фактурата, плаќањето ќе биде извршено кон трговското друштво односно
трговецот поединец од каде што се набавува и монтира клима уредот. Доколку не ја достави
фактурата во определениот рок, барателот ќе го изгуби правото на субвенционирање и
Општина Битола нема да има обврска за исплата на средствата.
3.5. Фискалните сметки, фактурите и профактурите за набавка и монтажа на клима уредите
треба да бидат со датум на издавање од денот на објавувањето на јавниот повик до крајниот
рок за пријавување. Нема да се прифаќаат и нема да се субвенционираат фискални сметки,
фактури или профактури издадени пред денот на објавувањето на јавниот повик.

4. Начин на пријавување

4.1. Пријавувањето за јавниот повик ќе биде електронски, со пополнување на онлајн
формулар и прикачување на потребната документација во скенирана форма на интернет
страницата: btsubvencii.mk, до која ќе може да се пристапи и преку официјалната интернет
страница на Општина Битола: www.bitola.gov.mk.
4.2. Рокот за електронско пријавување започнува на 18.09.2020 година во 08:00 часот и ќе трае
до 02.10.2020 година во 16:00 часот.
4.3. Едно лице може да поднесе само едно барање за субвенција, при што барањето може да се
однесува за еден или повеќе клима уреди, но барателот мора да ги исполни условите од
правилникот и јавниот повик за сите уреди. Доколку едно исто лице поднесе ново барање,
неговото претходно поднесено барање се поништува и се брише, а за важечко ќе се смета
барањето кое што ќе биде поднесено последно, со тоа што дозволено е аплицирање од еден
ист барател најмногу до три пати, по што неговиот матичен број ќе биде блокиран и повеќе
нема да може да аплицира.

5. Разгледување на пријавите и објавување на добитниците на субвенции

5.1. Уредните и комплетни пријави ќе ги разгледуваат комисии формирани од
Градоначалникот на Општина Битола. Неуредните и некомплетни пријави ќе бидат отфрлени
и нема да се разгледуваат.
5.2. Комисиите имаат право да побараат од барателите на субвенции да ја достават
скенираната документација во хартиена форма и во оригинал и имаат право да извршат
теренски увид во станбениот простор за каде што се набавува и монтира клима уредот.
Начинот, местото и рокот во кој барателите ќе треба да ја достават потребната документација
во хартиена форма и во оригинал ќе бидат објавени на интернет страницата на Општина
Битола: www.bitola.gov.mk.
5.3. Доколку барателите не ја достават бараната документација во хартиена форма и во
оригинал на определеното место и во определениот рок или не дозволат увид во станбениот
простор за каде што се набавува и монтира клима уредот, нивните барања ќе бидат одбиени.
5.4. По разгледувањето на пријавите и документацијата, комисиите ќе изготват и до
Градоначалникот на Општина Битола ќе достават листи со прифатливи барања за
субвенционирање, со податоци за барателите и износите за субвенционирање.
5.5. Врз основа на доставените листи од комисиите, Градоначалникот на Општина Битола ќе
донесе решенија за субенционирање, по што конечната листа со добитници на субвенции ќе
биде објавена на интернет страницата на Општина Битола: www.bitola.gov.mk.

6. Забрана за корупциско и измамничко однесување

6.1. При спроведувањето на постапката по јавниот повик, доследно ќе се применуваат
највисоките стандарди за етичко и законско однесување како од страна на службените лица од
Општина Битола, така и од учесниците на јавниот повик. Се забранува секој вид на
корупциско и измамничко однесување.
6.2. Во смисла на овој јавен повик:
– „корупциско однесување“ значи нудење, давање, примање или барање на било каква
вредност со цел да се влијае врз активноста на службено лице од Општина Битола во процесот
на аплицирање или при распределувањето на средствата и
– „измамничко однесување“ значи погрешно претставување на фактите за да се влијае врз
процесот на аплицирање и распределувањето на средствата на штета на Општината.
6.3. Доколку при спроведувањето на постапката по јавниот повик се утврди дека некој барател
е вклучен во корупциски или измамнички практики при аплицирањето, неговото барање ќе
биде офрлено, а доколку тоа се утври по завршувањето на јавниот повик и по исплатата на
средствата, ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи и институции.

 

Share.