Објавена студијата на ИСИЕ за подобра транспарентност на институциите на локално ниво

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кога зборуваме за основните права и слободи на граѓаните првата асоцијација е слободниот пристап до информации. Во земјава постои закон за слободен пристап до информациите, првично со најмногу 30 дена за доставување на информација од страна на имателите, а потоа под притисок на новинарите и невладините организации корегиран во најмногу 20 дена.
Иматели на информација се сите државни и органите на локалната самоуправа, сите инситуции кои се финансирани со државни пари.

Како да се жалат и како да бидат дел од носењето на одлуките. Правната рамка ја имам преку Законот за постапување по претставки и прелози, но како тоа во пракса функционира?  Често сме фалени дека немаме проблем со легислативата, но имаме со практичната примена, не само за овој туку и многу други закони, особено во делот на нашето престројување кон западните општествени вредноси.

Една од обврските која ја имавме беше и Законот за заштита на укажувачите.

И кога ќе се констатира дека работите од хартија потешко се движат во реалноста, тогаш алармот го вклучуваат и граѓанските организации чија цел е да да го помогнат придвижувањето, односно да се поттикне интересот на граѓаните за
примена на неколку клучни закони за остварување на нивните права и на локално ниво.

Проектот „Поттикнување на граѓанскиот активизам за следење и известување на незаконито постапување на локалната самоуправа“, го спроведува Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје во периодот септември 2019 – септември 2020 година. Проектот е делумно поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

По анализата која беше спроведена, Институтот ја изготви Основната студија, во која се нотирани забелешките и дадени предлозите како нештата можат да се поправат.

Студијата заклучува дека постои генерална неинформираност на граѓаните и институциите за можностите кои ги нуди постојното законодавство во поглед на подобрувањето на транспарентноста и отвореноста вклучително и на локално ниво.

Како форма на зголемување на капацитетите за големите институции на национално или локално ниво се предлага:

-Формирање на посебна организациона единица за транспарентност и отчетност која ќе постапува по претставки, по пријави на укажувачи во форматот на заштитено внатрешно пријавување и по барања за слободен пристап до информации од јавен карактер или на посебно лице чии единствени работни обврски ќе бидат постапување во овие ситуации.

-Предвидување на посебни образовни квалификации на лицето или лицата кои работат и постапуваат по претставки

-Дополнително, се препорачува зголемување на капацитетите на човечките ресурси преку организирање на обуки, курсеви или семинари.

Со оглед на достапните статистички податоци, потребно е поттикнување на анонимно пријавување, како по Законот за постапување по претставки и предлози, така и по Законот за заштита на укажувачите. Тоа би се постигнало со дополнување на законските прописи во насока на овозможување на средина за анонимно пријавување.

– Неопходна е дополнителна заштита на службеното лице кое постапува по наведените закони. Во одредени ситуации, покрај тоа што пријавувачот може да биде изложен на ризик, очекувано е и службеното лице да биде изложено на ризик. Во таа смисла, во законските прописи потребни се дополнувања со кои службеното лице ќе биде заштитено од евентуални последици на работното место. Пример за тоа може да бидат одредбите од членот 33 од Законот за јавни набавки (Службен весник на Република Северна Македонија, бр.14/2019), кој предвидува заштитни механизми поврзани со работно место на лицето задолжено за јавни набавки.

Се наметнува потребата од создавање на електронски систем за поднесување на претставки, пријави од укажувачи и барања за слободен пристап. Притоа, потребно е овој електронски систем да овозможи и технички можности за следење на фазите на постапување по соодветниот поднесок. На тој начин, подносителот во секој момент ќе знае до каде е решавањето, односно постапување по неговата претставка, барање за слободен пристап или пријава по основ на укажување.

Јавно објавување на произнесувањето по претставките, пријавите на укажувачите и одговорите на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова би се постигнало со дополнување на законските прописи. На тој начин, ќе се овозможи зголемување на степенот на транспарентност и отчетност, како и јавност при работата на институциите. Секако, ова потенцијално решение треба да ја земе предвид и законската регулатива за заштита на личните информации.

Во насока на јавност се препорачува и секоја одделна институција, која постапува по наведените закони, јавно да ги објавува, пред сè на својата интернет-страница, извештаите за постапување по односните закони. На тој начин, граѓанските организации и медиумите полесно и поедноставно ќе може да вршат мониторинг на работата на институциите во овој дел.

Заон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Препораки и наоди:

Во функција на подобрување на примената на овој Закон, се чини дека е потребно:

– Овозможување на електронско поднесување на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, преку посебен електронски образец на интернет-страницата на имателот на информациите од јавен карактер.

– Обезбедување на одреден износ на финансиски средства од државниот буџет, со кои би се покривале евентуалните трошоци кои би биле побарани од имателот на информацијата, по основ на членот 28 од Законот. Оваа мерка особено би се применувала кога како баратели се јавуваат граѓански организации и граѓански активисти.

– Предвидување на посебни прекршочни одредби и за функционерот или раководното лице за ситуациите кога неосновано ќе се одбие да се постапи по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Законот за постапување по претставки и предлози

Препораки и наоди:

– Законот за постапување по претставки и предлози потребно е да ги вклучи сите облици на правни лица основани и/или во доминантна сопственост на државата, односно единиците на локалната самоуправа, како што се пред сè трговските друштва основани и/или во доминантна сопственост на државата, односно единиците на локалната самоуправа. Се работи за големи правни субјекти кои вработуваат голем број лица и располагаат со големи средства, па поради тоа се изложени на различни ризици.

– Законот прецизно треба да ги опфати и сите правни лица, основани и водени од лица на приватното право, но на кои им се доверени вршење на јавно овластување и/или јавни услуги (вклучувајќи: нотари, извршители, стечајни управници итн.) како и различни форми на здружување во форма на јавно-приватно партнерство.

– Законот за постапување по претставки и предлози треба јасно и недвосмислено да ја предвиди можноста за постапување и по претставки и предлози добиени по електронски пат, преку електронски обрасци, достапни на интернет-страниците на институциите, без да се бара поседување на електронски потпис. Да се преиспита одредбата од членот 8 од Законот во смисла дали претставува големо и неоправдано дискреционо овластување според кое органот може да одбие да постапува по анонимна претставка.

– Да се предвиди и посебна процедура за јавно објавување на одговорите по однос на претставките и предлозите. Обврската за јавно објавување да биде особено задолжителна за претставки поднесени во анонимна форма. Во спротивност, подносителот нема да биде запознаен со одговорот по претставката која може да биде
заборавена во фиока.

– Да се предвидат посебни заштитни механизми за службените лица кои постапуваат по претставки или предлози. Ваквите механизми би се однесувале на заштита на работното место. Имено, овие лица се  20 изложени на евентуални притисоци, од раководните лица, па на овој начин би се обезбедила и нивна заштита.

– Законот во член 18 предвидува вклученост на Народниот правобранител, но без некои посебни овластувања. Од друга страна, Законот предвидува постапување на Министерството за информатичко општество и администрација, како и на управниот инспекторат. Со оглед на фактот дека Законот промовира граѓанска контрола над институциите, посоодветно е кога и контролата над спроведувањето на законот би ја имала независна институција. Тоа би значело предвидување на контролна надлежност во корист на Народниот правобранител или пак Државната комисија за спречување на корупција.

Закон за заштита на укажувачите

Препораки

Врз основа на спроведената анализа на Законот се наметнаа неколку идеи и можни решенија за подобрување на неговата
имплементација. Во таа насока, потребно е:

– Проширување на опфатот на членот 2, став 3 од Законот, односно негово прецизирање. Притоа ваквото проширување треба да ги опфати сите оние трговски друштва кои се јавуваат како понудувачи во постапки за јавни набавки, а со кои не е склучен договор. Постојната одредба на законот бара лицата да се ангажирани за
извршување на работа или да се во деловен однос или друг однос на соработка. Економските оператори со кои не е склучен договор, не се ангажирани, односно не се во деловен или друг правен однос со институцијата. Се работи за големи финансиски средства во постапката за јавна набавка, па вклучувањето и на овие субјекти е јавен интерес.

– Создавање на можности и капацитети кои ќе овозможат и охрабрат анонимно пријавување согласно со членовите 3 став (1) и 5 став (4) од Законот. Во таа смисла, треба да се подготват и посебни упатства со кои лицето кое прима пријави, ќе внимава да не се објават податоците кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот (пример: иако се работи за анонимно пријавување, но ако во пријавата е наведено дека пријавувачот како сметководител,  пријавил незаконско дејствие, а во институцијата има само еден сметководител, јасно ќе биде кој е пријавувачот).

– Предвидување на можност пријавите од укажувачи да може да бидат поднесени и преку електронски пат преку создавање на електронски образец за секоја институција.

– Назначување на посебно службено лице за прием на пријави да биде правило во големи правни лица. Истото може да се поврзе со минимум број вработени, или минимум промет или слично. Во спротивно, доколку овластено лице за прием на пријави е раководното лице, некои од пријавувачите може да бидат обесхрабрени да поднесат пријави, поради хиерархиската положба на раководното лице. Поради тоа, со соодветна законска измена, може да се бара поголемите правни лица, задолжително да назначат службено лице за постапување по пријави од укажувачите кое е различно од раководното лице.

– Предвидување на посебни заштитни мерки за лицето кое постапува по пријави од укажувачи.

Целта на оваа студија е да се анализираат потенцијалните недостатоци во актуелната законска рамка. Особено, акценот се стави на одредбите од овие закни кои треба да се афитимираат од страна на институциите и граѓанскиот сектор.

 

Share.