Облачно со повремени врнежи од дожд

0
568

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од денеска ќе преовладува облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, (над 30 л/м2) особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Утринските од 7 до 12, а дневните од 13 до 18 степени.

Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег.

Во вторник и в среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура.

Од средa ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.