Облачно, студено и ветровито

0
450

Претпладне претежно облачно, студено и ветровито со повремен
локален дожд, особено во јужните делови. Попладне од север облачноста ќе се намалува, а врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Утре преку денот ќе преовладува сончево и малку потопло време, во западните делови со засилен западен ветер, особено изразен на планините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер, а во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Потоа од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќето места ќе се спуштат под нулата.