Од агресија до љубов

0
1364

Развивањето на емоционалната интелигенција преку будност и свесност за сопствените чувства го развиваат успешниот начин на однесување, пред се, кон себе си, потоа кон семејството и преку него во општеството. Ова е дел од книгата Од агресија до љубов- Природата на човекот, развојот на телото, умот и духот, на психологот Теодора Костовска и проф. д-р Методи Чепреганов – Специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, чија промоција се одржа во битолскиот Завод и Музеј.

За книгата Костовска изјавува- За ме­не сре­ќен чо­век е оној што ус­пе­ал да го споз­нае сво­јот не­при­ја­тел.
Со секојдневниот стрес треба да се справиме со интроспекција.

Професор Чепреганов е со став дека агресијата и самоувереноста се чувства кои доминираат, преплавуваат, ја поматуваат свеста и интуицијата .
Потиснувањето на емоциите го пореметуваат рационалниот и реален пристап и поглед на Животот.
Секој од нас има психо профил.

– Целта на книгата е да се покаже дека агресијата значи интелектуална немоќ, на една личност, ако пред вас имате агресивен човек  и арогантен бегајте од него-советува д-р Чепреганов. Тој човек ја нема емоционалната интелегенција и нема начин како да разговара, да почитува друг.
Промотор на книгата беше Љубица Ангелкова Манговска од Тера телевизија.
Те­о­до­ра Ко­стов­ска е пси­хо­лог по дип­ло­ма, ина­ку учи­тел по умет­ност на жи­ве­е­ње,про­фе­сор д-р Ме­то­ди Че­пре­га­нов е европ­ски и свет­ски екс­перт по епи­леп­то­ло­ги­ја. Во  не­го­ва­та би­о­гра­фи­ја е за­пи­ша­но де­ка е автор на 25 мо­но­гра­фии и на 22 струч­ни кни­ги, глав­но на фран­цу­ски ја­зик, а не­го­ва­та на­уч­на ра­бо­та е по­вр­за­на со бо­ле­сти­те на гла­ва­та и на мо­зо­кот.