Од денес до сабота „Битола Отворен Град“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Фестивал кој е повеќе од фестивал“ под ова мото ќе се одбележи 19. издание на фестивалот „Битола отворен град“ кој започнува денес, а ќе трае до сабота. На денешната прес конференција беше истакнато дека сите настани во рамките на фестивалот се бесплатни, а публиката со органичен број. На овој фестивал до сега настапиле повеќе од 500 млади уметници од над 40 земји од светот, велат од МКЦ.

Оваа година фокусот ќе биде на Македонските уметници, велат од МКЦ и додаваат дека за ова издание се предвидени два главни музички настани.

За концертот во Хераклеја, се предвидени максимум 600 посетители, а за во Пациото на Музејот до 200 посетители. Од МКЦ додаваат дека сите настани ќе бидат организирани со професионална продукција како и во изминатите 18 години.

На денешната пресконференција во Магазата беше поставена и изложбата насловена „Coolest dead people“ на Кристина Карапеоска.

Фестивалот продолжува и вечерва, од 20 часот во дворот на Магазата ќе има промоција на монографијата „Македонска дискографија – винили (1958 – 2019)“ прв том на Тошо Филиповски, а како што најавија преку музика на настанот ќе говори DJ Chiko.

Сите настани ќе бидат организирани по сите протоколи за заштита од Ковид – 19, а од МКЦ како организатори известија дека го задржуваат правото да ги остранат посетителите што нема да ги почитуваат здравствените протоколи. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.

Share.