Од денес влез без тест во Србија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Српската влада вчера го усвои предлогот на Кризниот штаб, за отварање на граничните премини и слободен влез во Србија, без потребниот тест за коронавирус.

Кризниот штаб ја анализираше тековната епидемиолошка состојба и адаптирањето на мерките, по што на Владата ѝ беше препорачано, почнувајќи од петок – 22 мај , за влез во Србија да не се бара негативен тест на ковид-19 или посебна дозвола, како за домашните, така и за странските државјани.

 

 

Share.