Од настапот на Паркети на „Андерфест“ во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Групата „Паркети“ од Битола, на својата официјална Фејзбук страница, споделија видео од нивниот настап на фестивалот „Underfest“ во Скопје.

Споделувајќи го ова видео, тие напишаа: „Best of свирката на „Underfest“, матна свирка по корона стандарди, 30-тина луѓе со дистанца и нормално лош мониторнг, без тонска проба, али има неколку светли моменти, посекако најверојатно последна свирка за годинава и следните неколку месеци“, напишаа Паркети.

Паркети настапуваат на скоро сите урбани фестивали и настани низ државата, иако сите ги знаете, „Паркети“ се формирани 1991 година од Сашо и Славе Паркет и Себастијан Паркет. Тие се панк група, кои секогаш имаат уникатни настапи во живо, а и секогаш привлекувале внимание кај публиката поради нивната специфичност и хумор.

А фестивалот „Андерфест“ како што се претставува на нивната официјална страна е фестивал кој на едно место ја обединува авангардната и андерграунд култура во Македонија. А нивната примарна цел на фестивалот е како што велат афирмирање на помалку познатите артисти, а кој ги вреднува автентичноста и креативноста и го отвора јавниот простор за младите и неетаблирани музичари и со тоа продинесува за нивна афирмација и промоција.

Share.