Од октомври Центарот за култура ќе организира настани и внатре, ќе почнат со Киното

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Владата ги разгледа и прифати општите препораки за организирање на настани  кои беа предложени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и тоа: задолжително носењето на лична заштитна опрема на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, одржување на физичка дистанца на публиката на настанот со обележани места за седење, поставени на дистанца од 1,5-2 метри и не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката.Задолжителното одржување на физичка дистанца од два метри се однесува и на сите членови на тимовите задолжени за организација. Денес директорката на Центарот за култура од Битола Маја Андоновска Илијевски рече дека со организирање на настани во затворен простор ќе започнат најпрво со 3д киното во месец октомври.

„Од пред некој ден Владата донесе мерки за работа на затворено. Ние се подготвуваме, така што од октомври ќе почниме да организираме настани и внатре во Центарот за култура. За почеток би го отвориле 3 де Киното  а потоа ќе размислуваме и за другите настани кои што беа планирани, какао на пример одбележување на 40 годишнината од отворањето на Центарот за култура во Битола, кој што 40 години се запишува какао Центар на сите културни случувања во нашиот град“, рече Маја Андоновска Илијевски, директор на Центар за култура-Битола.

Според препораките, ограничен е капацитетот на посетители и тоа: настаните на отворено да се организираат со 50 проценти од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители, а настаните на затворено да се организираат со 30 проценти од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители.

„По новите протоколи кои што веќе ги изгласа Владата, нашата институција ќе работи со 30% од капацитетот, што значи од досегашните 840 седишта ние ќе можиме да примиме околу 250 луѓе, публика. Со тоа ќе мора да научиме и какао публика и како организатори да функционираме до едно подобро време на еден поинаков начин“, рече Андоновска Илиевски.

Протоколот предвидува задолжителна дезинфекција на раце на влез  на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација за целото времетраење на настанот, како и засилени санитарно-хигиенски мерки.

Организаторот на настанот потебно е да постави на видливо место  едукативн-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки,како и задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на мерките.

Се препорачува електронска продажба на билети, но доколку е потребно да има билетарница потребно е обележување на растојание односно место за чекање   од 1,5   до   2 метри и исто растојание меѓу вработениот и посетителот или заштитна бариера.

Секој организатор на настан потребно е да изготви протокол за реализација на планираниот настан кој ќе го објави јавно со цел навремено информирање на посетителите и учесниците во настанот за правилно следење на протоколот.

Share.