Од утре сончево и студено

0
427

Во текот на ноќта, под влијание на интензивен ладен фронт кој се спушташе од север, времето беше претежно облачно и ветровито со слаб локален дожд, на планините слаб снег, особено во западните делови. На повеќе места дуваше засилен најпрво западен, а потоа северозападен и северен ветер, со брзини од 40 до 70 км/час. Најсилен удар на ветерот од расположивите податоци е забележан вчера во 21 часот на станицата Скопје-Петровец и изнесуваше 93км/час. Утрово облачно е во југозападните делови, а во источните дува умерен до засилен северен ветер.

Сончево, но свежо, во јужните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови и долж Повардарието претпладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Од утре времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата и ќе бидат во интервал од -6 до 5 степени. Кон крајот на работната недела ќе има благо затоплување.