Одлуката на Трамп значи среден прст за иднината

0
346

Одлуката на Доналд Трамп да ги повлече САД од Парискиот договор за климатските промени ќе има катастрофални резултати и за таа држава и за целиот свет, предупредува колумнистот Џон Сатер за Си-ен-ен.

„Тоа е среден прст за иднината“, истакнува Сатер. Најлошото нешто, како што тврди, е што не постои ниедна причина за тоа, освен можеби „од храброст до ароганција“.

Трамп при објавата на одлуката кажа дека САД ќе продолжат со преговорите за враќање или постигнување нов договор.

„За да ја исполнам обврската за заштита на Америка и нејзиниот народ, САД ќе се повлечат од Парискиот климатски договор, но ќе почнат преговори за повторно влегување или создавање нов договор со услови кои им одговараат на САД. Излегуваме, но почнуваме да преговараме и ќе видиме дали може да постигнеме договор кој ќе биде фер. Ако успееме тоа ќе биде одлично, ако не успееме пак ќе биде во ред“, кажа Трамп.

Тој истакна дека постоечкиот договор е „нефер кон американските компании, работниците, граѓаните и даночните обврзници“ и дека други држави добиле поповолни аранжмани врз основа на тој договор, односно дека тој повеќе се однесува на нивно стејнување финансиска предност во однос на САД отколку на климатските промени.

По Трамповата одлука со заедничко соопштение се огласија Германија, Франција, и Италија, кои порачаа дека нема да има повторни преговори и дека Парискиот климатски договор останува на сила. Соопштија и дека со жалење ја примаат одлуката на САД.

Се огласија и 50 градоначалници низ САД кои кажаа дека тие ќе продолжат да ги почитуваат обврските од договорот, а Илон Маск кажа дека го напушта Трамповиот совет.

www.mkd.mk