Одреден 30 дневен притвор за Љупчо Стојановски кој пукаше во екс министерот Тодоров

0
1124

Триесет дена притвор му се изречени на дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, кој е осомничен за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во кого вчера пукаше со огнено оружје. За време на рочиштето во Кривичниот суд на три наврати интервенираше екипа на брза помош зашто приведениот не беше во стабилна состојба. Неговиот адвокат изјави дека Стојановски не бил во состојба да зборува, па затоа се бранел со молчење и дека ќе поднесат жалба против донесената одлука.

Во меѓувреме, денеска повторно реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде оценија дека обидот за убиство на Тодоров е кулминација на деструктивното однесување на СДСМ.