ОЈО бара вклучување на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за настаните во Собрание

0
376

Основното јавно обвинителство Скопје, од досега прибавениот доказен материјал во врска со настаните во Собранието на 27 април, оцени дека во кривично-правниот настан кој го истражуваше потребно е во оваа фаза да се вклучи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Како што појаснуваат од ОЈО, дел од преземените дејствија од страна на лица инволвирани во настанот се во месна и стварна надлежност на ова обвинителство.

„Од тие причини списите на предметот се доставени до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го презема натамошното постапување“, се вели во соопштението.

http://makfax.com.mk