Останува намалена комуналаната такса за угостителите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На денешната седница на Совет на општина Битола која се одржа онлајн се најде и одлуката за комуналаната такса да остане иста и за време на зимскиот период, односно угостителите наместо да плаќаат 15 денари за метар квадратен да плаќаат само по 5 денари.

„ На денешната седница на Совет две точки го заслужуваат вниманието на пошироката јавност. Едната е дека ЈП Комуналец започнува со еден процес за поставување на подземни контејнери низ градот, ќе се започне на просторот кај ул.Васко Карангелевски, а потоа ќе продолжи низ целиот град, и втората точка ќе донесеме одлука со која комуналната такса од 15 денари ја намалуваме на 5 денари за зимскиот период од 15 ноември до 15 април. Во тој период она што во минатото се плаќаше по 15 денари, сега ќе биде 5 денари од метар квадратен. Тоа ќе биде помош за угостителите и за сите оние што продваат и надвор, едно олеснување во оваа економска криза поради пандемијата, “ рече Валентин Груевски, претседателот на Совет.

Share.