Осудените за изборни измами ќе бидат помилувани!?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Уставниот суд за утре закажал седница на која неофицијално ќе се расправа за барањето да се смени законот за помилување со кои ќе му се овозможи на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Законот предвидува претседателот да не може да амнестира лица кои се осудени за кривични дела против изборите.

Неофицијално судијата известител, Никола Ивановски добил барање да се стави на дневен ред на утрешната седница предлогот за измена на законот кој во 2009-та го потпиша тогашниот претседател Бранко Црвенковски, а во кој се наведува дека претседателот нема повеќе да има надлежност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности. Овој предлог следува по оформувањето на предметот од специјалното обвинителство за изборни нерегуларности направени за време на локалните избори 2012 година, а со кој се опфатени и поранешните функционери во владата и членови на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиевски, Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски и уште неколку лица.

Share.