Отпочната постапка за разрешување на Марко Зврлевски

0
532

Владата започна постапка за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, на денешната владина седница. Одлуката е  донесена  откако премиерот Зоран Заев повеќе пати го повика Зврлевски да си поднесе оставка.

Според процедурата владата по претходно мислење на советот на јавни обвинители до собранието доставува барање за разрешување на јавниот обвинител.

Советот е должен во рок од 15 дена да и одговори на Владата со позитивно или негативно мислење.