Оваа земја има само 4.3% невработеност

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Невработеноста во САД е само 4,3%.

Но,  пазарот на трудот во мај е побогат за 138.000 работни места, што е под очекувањата на економистите, се вели во петочниот извештај на Одделот за труд.

Економистите за „Блумберг“, проценуваат дека очекувањата биле отворање на нови 180.000 работни места.

Во време кога економијата во САД се наоѓа во фаза кога „секој што сака да најде работа, може да најде“, се` погласни се повиците за зголемување на минималната сатница на национално ниво.

Најмногу нови вработувања има во здравствениот сектор, со 24.000 работни места за претходниот месец. Рударската индустрија придонела со нови 7.000 работни места, што претставува голем скок во овој сектор од октомври 2016-та.

Просечната цена за работен час скокнала за 2,5% во споредба со лани кога изнесуваше 22,36 долари.

Share.