Пандев: Играме во пеколен ритам и не може секогаш да победуваме

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската фудбалска репрезентација ќе ја пречека Грузија во натпревар од четвртото коло во новата сезона од Ц лигата на УЕФА Лига на нации. Капитенот на „црвено-жолтите“ Горан Пандев вели дека фудбалерите се подготвени да дадат максимум и да стигнат до победата против Грузија.

„Сигурно дека тие што сме тука ќе го дадеме максимумот. Ова е трет натпревар за нас знаеме Косово колку не истроши и психички и физички. Сепак спремни сме утре да излеземе и да го добиеме натпреварот. Ние што сме тука сите конкурираме за првите 11. Ова е еден пеколен ритам и не може секогаш да се победи, таков е фудбалот. Наша цел е утре да победиме и да дојдеме на чекор од таа прва позиција“, изјави капитенот Горан Пандев.

Натпреварот меѓу Македонија и Грузија ќе се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.

Share.