Партијата на Рама победи, но не доби 50 отсто од гласовите

0
755

Првичните резултати од вчершаните парламентарни избори во Албанија покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија обезбедила парламентарно мнозинство. На овие избори се гледаше како на клучни во врска со идните односи на таа земја со Европската унија. Според излезните анкети, социјалистите на премиерот Еди Рама ќе добијат од 45 до 49 насто од гласовите, доволно за над 71 место во парламентот од 140 пратенички места. Умерено десната Демократска партија на Љуљзим Баша, кој е голем обожавател на американскиот претседател Доналд Трамп, според проценките ќе добие 30 насто од гласовите.