Пеколни горештини со температура над 40 степени

0
992

Времето во Македнија и денеска ќе биде сончево, но потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне локално ќе има мала нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Битола до 35 степени.

Сочнево и многу топло ќе биде времто и во наредните денови, а дневната температура до среда ќе биде во благ пораст.

Промена на времето се очекува во среда кон крајот на денот и во четврток, кога поради ветерот од северен правец дневната температура ќе се намали за околу 5 до 7 степени. Намалување на температурата ќе продолжи и за време на викендот кога ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.