Пеколно бегство од Северна Кореја

0
909

Командата на Обединетите Нации го објави видеото од безбедносните камери на границата меѓу Северна и Јужна Кореја каде припадник на војската на Ким Џонг Ун го изведе пеколното бегство.

Тој со џип преминал преку контролна точка по што забрзано се движел кон територија на Јужна Кореја. Неколку војници отворија оган врз него и започнаа потрага, па дури за кратко ја преминаа и границата што претставува кршење на спогодбата за прекин на судирот.

Војникот бил погоден со пет куршуми и неподвижен бил преземен од војници од Јужна Кореја кои лазеа кон него да го спасат во страв да не бидат застрелани. Дезертерот е пренесен во болница со американски воен хеликоптер по што ќе биде сослушан. Врз него се извршени две хируршки интервенции и сега се наоѓа во стабилна состојба.