Пелистер донесе бод од Гостивар и дуелот против Ренова

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Немаше погодоци на дуелот меѓу Ренова и Пелистер во Гостивар и битолчани донесоа уште еден бод од гостинските натпревари. Во останатите натпревари од десеттото коло, Силекс го победи Работнички со 4-3.

Најдобриот стрелец во македонското првенство, Дарбо Дембо со гол во 79. минута му донесе победа на Шкупи на гостувањето кај АКадемија Пандев.

Натпреварот меѓу Борец и Македонија Ѓорче Петров кој заврши со победа на домаќините од 2-1. Резултатот беше отворен дури во 84. минута, Пеев погоди за 1-0, а во 91. минута Ѓорѓиев зголеми на 2-0, во 95. минута гостите постигнаа почесен гол преку Фернандо.

Струга Трим Љум без проблеми, со 3-0 ја победи Беласица. Головите ги постигнаа Лена, Миленковски и Османи. Во саботата Шкендија победи на гостувањето кај Вардар со 1-5.

Share.