Пелистер на пенали елиминиран од Купот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вардар настрада од својот поранешен играч, Никола Серафимов со гол во 92. минута донесе победа за Академија Пандев од 1-0 и пласман во четвртфиналето од Купот.

Пенали се шутираа на дуелот меѓу Ренова и Пелистер. Битолскиот тим водеше со 2-0, но Ренова успеа да изедначи со два гола во финишот, а подоцна и да победи на пенали со 6-5.

Шкендија со 1-0 го совлада Гостивар, Шкупи со 5-0 беше убедлив против Кит Го, Македонија Ѓорче Петров беше најубедлива откако со 6-0 ја победи Каменица САСА, Силекс со 3-1 славеше на гостувањето кај Кожув, Беласица и покрај тоа што игра очајно во ПМФЛ, во купот оди понатаму откако со 1-0 беше подобра од Брегалница во Штип.

Осминафинале: 
Академија Пандев – Вардар 1-0
Брегалница – Беласица 0-1
Кожув – Силекс 1-3
Македонија ЃП – Каменица САСА 6-0
Ренова – Пелистер 2-2 (5-4 пен)
Шкендија – Гостивар 1-0
Шкупи – Кит Го 5-0
Струга ТЉ – Работнички 0-0 (4-3 пен)

Share.