Пелистер одигра вторпат без голови, „лавовите“ однесоа бод од Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Екипата на Пелистер запиша нов бод на своето конто во Првата македонска фудбалска лига, откако на денешното дерби во Битола одигра без победник против Македонија Ѓорче Петров (0-0).

Минимално со 1-0 славеше Работнички на гостувањето кај Ренова, голот го постигна Петковски на десетина минути пред крајот. Борец со 2-0 ја победи Академија Пандев. Стрелци на головите беа Силва и Прелчец во второто полувреме, а Вардар го доби дербито со Шкупи со 1-0.

По овој пораз на Шкупи, Шкендија остана осамена на врвот со 11 бодови, а чаирчани и Силекс имаат по десет.

Share.