Пендаровски: Армијата ќе дава поддршка на полицијата и здравствените установи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Кризната состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена, којашто на предлог на Советот за безбедност вчера ја прогласи Влада, ќе и овозможи на Армија да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи, рече претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за емисијата Трилинг на Телевизија 24.
„Според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема. Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на Ковид 19 и се крајно исцрпени“ вели Пендаровски.
Share.